Војници помагаат да се расчисти теренот во тетовско – ќе се обновуваат два моста

Војници помагаат да се расчисти теренот во тетовско - ќе се обновуваат два моста
Војници помагаат да се расчисти теренот во тетовско - ќе се обновуваат два моста

Триесет и девет војници во Шипковица, како и инженериско одделение заедно со багери, копачи и друга специфична механизација во Речица секојдневно се ангажирани во помош на населението од подрачјата кои настрадаа од големите поројни дождови и наносите на земја и камења во тетовско, информираше министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, при денешната обиколка на реонот.

Дополнително министерот Јолевски порача дека Инженерската единица во Армијата на Република Македонија веќе започнала со планирање и подготовка на изградба на два моста во селото Порој кои се комплетно срушени.

Веднаш штом ќе заврши ископувањето и расчистувањето на теренот, ние ќе можеме да започнеме со поставување фундаменти на двата моста кои, на барање на локалната заедница, повторно ќе бидат изработени од дрво. Штом ќе се исчисти коритото и добиеме зелено светло, ние за 5-7 дена ќе ги изградиме овие мостови со кои значително ќе се влијае на подобрувањето на комуникацијата на населението, рече министерот.

Војниците уште од самиот почеток на терен помагаат во расчистување на последиците од големата природна непогода.
Војниците уште од самиот почеток на терен помагаат во расчистување на последиците од големата природна непогода.

Армијата на Република Македонија уште од самиот почеток е вклучена со свои припадници и механизација во расчистување на последиците од големата природна непогода во тетовско.

Јолевски посочи дека Министерството е во постојана координација со Владата на Република Македонија и локалната самоуправа и дека доколку биде изразена потреба, Армијата е подготвена за дополнителен ангажман за расчистување на последиците.