Војници со руски ракетни системи и тенкови ја поминале украинската граница

Повеќе од 20 руски тенкови и 10 ракетни системи, заедно со автобуси полни со борци, ја пресекле украинската граница и се упатиле кон Новоазовск, град што го контролираат сепаратистите источно од стратегиското југоисточно пристаниште Мариупољ, пренесоа британските медиуми.

– И покрај договорот од Минск, во последните денови се забележува внесување воена техника и муниција од Русија во Украина, информира портпаролот на украинската армија Андриј Лисенко.

„Повеќе од 20 тенка, 10 ракетни системи и 15 камиони навлегле во правец на Новоазовск“, рече Лисенко и дополни дека автобуси, полни со борци, исто така, се забележани како ја пресекуваат границата во оовј регион.