Војниците на АРМ ја завршија вежбата „Брз лав-14“ со највисоки оценки

Припадниците на АРМ кои учествуваа во мисијата „Брз лав-14“, како дел од четата за заштита на силите од борбената група на Европската Унија (ЕУБГ 2014-2) во Кралството Белгија, денеска се вратија со највисоки оценки.

На вежбата, припадниците на АРМ, учествуваа во оценувањето на штабот на ЕУБГ 2014-2 со фиктивни сценарија за хуманитарна мисија за поддршка на раселени лица и бегалци, како и за пребарување и затворање на лица осомничени за воени злосторства.

Предизвик на вежбата претставуваше заедничката работа на 6 различни земји ( Република Македонија, Kралството Холандија, Луксембург, Kралството Шпанија, СР Германија и лидерот Kралството Белгија) со персонал од околу 2.500 војници во една борбена група.

На оваа вежба АРМ уште еднаш ја покажа својата обученост и интероперативност.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.