Војниците од Западот силувале милиони жени и деца, а за тоа ги обвиниле Русите

Миријам Гебхард изјави дека во оваа мрачна тајна голема улога имале војници од Запад, а по пропагандата се создало мислење дека таа била силувана само од страна на советската Црвена армија.

“Точниот број е невозможно да се знае, но можам со сигурност да кажам дека се силувани најмалку 860.000 жени, мажи, дури и младите момчиња.Насекаде се случуваше”, пишува таа во книгата, која ја прикажува како “конечниот извештај”.

И покрај големата пропаганда дека овие кривични дела се “специјалитет” на Црвената армија, Гебхард вели дека тоа не е вистина.

“И од Запад имаат голема улога во ова гадно ценарио.На моето истражување му беше потребно една година и половина. Сакав да ја раскажам приказната од перспектива на жртвите и да ги реконструирам настаните на што е можно поблаг начин …”

Германската историчарка тврди дека во тоа време Американците смислиле слоган: “Ни требаа шест години за да ја средиме германската армија и само еден ден и чоколада за да ја средиме и германската жена”.

“Да, но не било кој вид на соработка во спалната соба било доброволно … На Запад, е создадено мислење дека германските жените се продавале за чоколадо, ќесиња, цигари, алкохол … Но, реалноста е малку поинаква – тие не биле проститутки, туку жртви на силување.Во јужните области на земјата дури постоеле и “слободна ноќ”, кога командантите им овозможиле на војниците и до 48 часа време во кое можеле да прават што и да посакаат со жените”, пишува таа.