Војник почина додека бил на стража

Триесет и шестгодишниот војник Т.К. од Брвеница, тетовско починал додека бил на стража во воената база „Еребино“ крај Тетово.

Кога требало да ја предаде стражата, тој на колегите им се пожалил дека не му е добро, по што паднал на земја. Веднаш бил пренесен во болница, но лекарите не можеле да го спасат.

Телото е пренесено на обдукција, која ќе треба да одговори од што починал професионалниот војник, а од АРМ известија дека ќе сторат сè за да му помогнат на семејството на починатиот војник.

По наредба на Јавен обвинител бил повикан и доктор по судска медицина, од кого било утврдено дека кај професионалниот војник нема надворешни повреди и траги на насилство.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.