Војникот кој јавно изјави дека го убил бин Ладен под истрага

Американското министерство за одбрана почна истрага против поранешниот член на елитната воена единица „Фоки“ на американската морнарица, што јавно изјави дека го ликвидирал во 2011 година Осама бин Ладен, соопшти портпаролот на американската морнарица.

– Воени истражители ги разгледуваат обвиненијата против Роберт О’Нил за издавање доверливи информации до лица кои немале пристап до такви информации – изјави капетанот Рајан Пери.

Роберт О’Нил (38) во ноември за „Вашингтон пост“ изјави дека го убил лидерот на терористичката организација Ал Каеда со еден куршум во глава при операцијата на 2 мај 2011 година во Пакистан.

Поранешниот командос изјави дека одлуката за јавно признание, ја направил откако неговото име било откриено на страницата на поранешни „фоки“ СОФРЕП. Според СОФРЕП целта била да ја објави информацијата пред телевизијата „Фокс Њуз“, што ден подоцна објави документарен филм „Мажот што го уби Осама бин Ладен“. Во филмот се појавува Роб О’Нил.

О’Нил учествувал во над десет воени мисии во четири региони, вклучително Авганистан и Ирак, а бил дел од 400 специјални операции и лично ликвидирал над 30 лица за што има добиено 52 награди, пренесува ТАСС.