Крими хроника

Војо Стојановски починал од карцином на панкреасот

Војо Стојановски починал од карцином на панкреасот

Вчера во родното село Букојчани, Кичевско, погребан е Војо Стојановски, македонската фолк легенда, кој почина завчера во Скопје по кусо боледување на 65 годишна возраст.

Блиски соработници на фолк пејачот велат дека долги години имал проблеми со срцето, па се разболел од карцином на панкреасот. Војо зад себе ги остави сопругата Евица Камберова-Стојановска, новинар во МТВ, синот Дамјан кој има 19 години и два сина од претходниот брак, пишува „Вест“.