Војводиќ е шестиот нов ракометар кој годинава пристигна во Металург

По егзодусот во екипата на Металург, раководството продолжува со засилување на тимот. Нов член на екипата од Автокоманда е средниот бек Јања Војводиќ, кој е шести нов ракометар во екипата предводена од Лино Червар, во 2015 година.

Војводиќ е млад ракометар, има 20 години и доаѓа од екипата на РК Врбас. Тој потпиша договор со Металург до крајот на сезоната, со можност за продолжување. Пред Војводиќ, во Металург пристигнаа Голубовиќ, Ефендиќ и Вргоч, а исто така „новајлии“ во тимот се и Марко Бувиниќ и Раде Стојановиќ.