Војвотката Кејт почна да се породува

Доаѓањето на новиот член на кралското земејство го очекува целиот свет, а како наведуваат странските медиуми, породувањето веќе започнало.

Кејт е веќе во болница, а поради неговото доаѓање, болницата „Линдо Винг“ е сосема затворена. Еуфоријата околу кралското бебе само се зголемува, а луѓето извршиле и атак во обложувалниците каде се обложуваат за тоа кое име ќе го даде Кејт  на ќерката. Засега во водство е името Алис.

Бебето може да се роди точно на денот на раѓањето на кралицата Елизабета Втора, кој е всушност денеска.