Војвотката од Кембриџ бремена со близначки?

Британските портали пренесуваат дека војвотката Кејт Мидлтон е бремена со близнаци и тоа две девојчиња.

Кралската двојка Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон веќе одлучија дека доколку Кејт роди девојче ќе го крстат Дајана по прерано починатата мајка на Вилијам која загина во собраќајна несреќа.

Среќната случка се очекува на почетокот на наредната година, а кралскиот биограф тврди дека ако кралскиот пар добие близначки едното девојче ќе се вика Дајана, а другото Елизабета, по прабабата и сегашната англиска кралица. Со тоа би се задоволила и кралицата, која и не е премногу среќна што внуката ќе го носи името на поранешната снаа.