Магазин

Војвотката од Кембриџ е дамата со најубав стил за 2014 година

Војвотката од Кембриџ е дамата со најубав стил за 2014 година

Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, во анкета во која учествувале над 2.000 модни стилисти од Велика Британија, е прогласена за жената со најубав стил на облекување во 2014 година.

Таа и онака е позната по својот стил и многу скапата гардероба, иако со својата грациозност знае на кралски начин да носи и парчиња облека од уличните стоковни куќи.

Затоа не е ни чудно зошто токму војводката е прогласена за најстилизирана жена за 2014 година.

Идната кралица зад себе ги остави славните дами, дизајнерката Викторија Бекам која го зазеде второто место, потоа пејачката Черил Фернандез Версини која се најде на третото и Ема Вотсон и Џесика Алба кои го зазедоа четвртото и петото место.

Од друга страна на медалот, за најмалку стилизирана жена е прогласена старлетата Кејти Прајс, а веднаш покрај неа се најде и риалити ѕвездата Ким Кардашијан.