Вокер е тешко остварлива желба за газдата на Монако

Богатиот сопственик на францускиот прволигаш Монако, Димитри Риболовјев ќе се обиде за време на зимскиот преоден рок да ги осигура услугите на репрезентативецот на Англија и стандарден првотимец во дресот на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем, Каил Вокер.

Офанзивниот десен бек е проценет на 40 мил. евра, но првиот човек на францускиот прволигаш е подготвен веднаш на стартот од зимскиот преоден рок да испрати официјална понуда не поголема од 30 мил. евра.