Волчицата го мерка Џермејн Ленс

Најдобриот фудбалер на украинскиот гигант Динамо од Киев, холандскиот интернационалец, Џермејн Ленс, по завршувањето на престојниот Мундијал во Бразил, официјално ќе биде претставен како најнова милионска аквизиција на италијанскиот калчолигаш Рома.

Преговорите помеѓу двата клуба се во завршна фаза, а најавениот трансфер ќе биде реализиран откако челниците на Рома ќе го исплатат побараното обештетување од 15 мил. евра.

Брзоногиот напаѓач ќе настапи за репрезентацијата на Холандија на престојниот Мундијал во Бразил, но челниците на италијанскиот клуб сакаат пред стартот на истиот да ги договорат сите детали околу веќе најавениот трансфер на Ленс.