Волчицата најави триумф и на гостувањето во Болоња

Денеска ќе се одигра само еден натпревар од новото 25. коло од италијанската Серија А, а обврска да забележат позитивен резултат на тешкото гостување Болоња имаат фудбалерите на Рома.

Гостинот од Рима може да остане во игра за шампионската титула само доколку ги освои планираните три бода, а предводникот на “волчицата”, Руди Гарсија пред натпреварот изјави дека неговиот тим мора да нападне и мора да го наметне својот стил на игра.

“На сите ние јасно дека Рома нема право на кикс, Рома мора да нападне. Ќе се обидеме од самиот старт да го наметнеме нашиот стил на игра, да доминираме на средината и што е можно побрзо да постигнеме погодок. Точно дека Болоња е осетно ослабена со заминувањето на Диаманти, но Болоња и понатаму има тим за почит”, изјави францускиот стручњак.