Волчицата се исплаши од обештетувањето на Демба Ба

Раководните лица на италијанскиот калчо гигант Рома, пред неколку дена биле контактирани од челниците на лондонскиот премиерлигаш Челзи, се со цел да бидат информирани дека можат за време на зимскиот преоден рок да ги осигураат услугите на сенегалскиот интернационалец, Демба Ба.

Преговорите околу можниот трансфер на искусниот напаѓач биле прекинати во истиот момент кога станало збор за обештетувањето кое Рома треба да го плати за 28-годишниот Ба.

Челниците на римската “волчица” останале без збор кога слушнале дека треба да одвојат околѕ 15 мил. евра за напаѓачот на Челзи, кој пред една година, за дупло помала сума се пресели на „Стемфорд Бриџ”.