Волерс и Ристески летаа со параглајдер над Прилеп

Амбасадорот на САД, Пол Волерс, американскиот амбасадор и градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, денеска летаа над Прилеп со тандем параглајдер од новото полетиште близу манастирот Успение на пресвета Богородица на Трескавец, објави „Канал 5“.

Новото полетиште и монашкиот духовен центар изграден во 13-от век остави невообичаен впечаток и за над 80 параглајдеристите од Србија, Бугарија, Косово, Албанија и Македонија. Тие летаа во рамките на првиот параглајдинг куп во дисциплина прецизно слетување во Прилеп.

Полетиштето на Трескавец е приспособено со средства од локалната самоуправа и проектот УСАИД за експанзија на малите бизниси.