Волерс: Изјавата на Бејли е извадена од контекст

Американскиот амбасадор Пол Волерс не сакаше да ја коментира протесната нота на Македонското МНР по повод говорот пред Сенатот на неговиот наследник Џес Бејли, пренесува 24 вести.

Волерс воопшто не сакаше да навлегува во оценки околу тоа дали станува збор за избрзана реакција на македонксите власти, а прашањето го упати на адреса на МНР.

Коментирајќи ја реториката на неговиот наследник Бејли, кој пред сенатот рече дека во Македонија живеат Словени, Албанци и други народи – Волерс вели дека станува збор за недоразбирање и дека овој говор не го доведува до прашање македонскиот идентитет. Тврди САД не ја менува политиката кон Македонија и го почитува нејзиниот идентитет и народ.

Волерс денеска присуствуваше на отворање на реконструирано учиште вои Илинден, заедно со минстерот за образование Абдулаким Адеми, кој е генерален секретар на ДУИ. Тој одбегна да даде одговор за ставот на партијата по однос на протесната нота и коментарот на шефот на кабинетот на лидерот Али Ахмети, пратеникот Артан Груби, кој вчера на својот фејбук профил напиша дека станува збор за инфатилен акт.

Груби за 24 вести, денеска рече дека се што од ДУИ имале да кажат за прашањето, кажеле преку неговиот статус.

Кон осудата на актот на МНР, денеска на Груби му се придружија и од граѓанското движење „Разбуди се“, кои потегот на македонската дипломатија го окарактеризираа како дилатентизам.