Волф смета дека неговата книга ќе стави крај на претседателскиот мандат на Трамп

Новинарот Мајкл Волф, автор на книгата којашто остро го критикува актуелниот претседател Донадл Трамп, изјави во интервју за британскиот јавен сервис BBC објавено во саботата дека неговите откритија би можеле да стават крај на мандатот на Трамп во Белата куќа.

Заклучоците во книгата сочинета на основа на околу 200 разговори, интервјуа и изјави на соработници на актуелниот американски претседател во книгата „Fire and Fury: Inside the Trump White House“ (Оган и бес: Внатре во Белата куќа на Трамп), коишто ги извлекува Мајкл Волф се дека Доналд Трамп не е способен да ја извршува должноста и дека тоа сега е доста прифатено гледиште.

„Мислам дека еден од позанимливите ефекти на оваа книга досега е дека ’царот е гол“, вели Волф во интервјуто.

„Се чини дека приказната којашто ја раскажав го прикажува неговиот (на Трамп) претседателски мандат на начин кој зборува дека тој не може да ја извршува таа должност“, додава новинарот.

„Одедниаш насекаде луѓето зборуваат ’О Господе, значи вистина е, царот е гол. Тоа е заднината на перцепцијата и разбирањето што во крајна линија ќе стави крај … на овој претседателски мандат“, вели авторот за BBC.

Претседателот Трамп ги отфрли наводите од книгата објавена во петокот како „куп лаги, погрешни интерпретации и непостоечки извори“.

Книгата има тенденција да ја донесе темната слика на Белата куќа во која персоналот не ја работи својата работа, туку сплеткари, а претседателот, сите па и најблиските соработници го опишуваат како инфантилна личност и го исмејуваат поради нестручноста и неспособноста да управува.

Наводите од книгата ги отфрли и државниот секретар Рекс Тилерсон кој во петокот вечерта изјави дека никогаш не се сомневал во менталните и интелектуални способности на Доналд Трамп да ја извршува претседателската должност.

Адвокатите на Трамп безуспешно се обидуваа да го запрат објавувањето на книгата која содржи бомбастични наводи за неговиот мандат и во која се тврди дека Трамп не бил подготвен са претседател, дека се однесува како дете и мисли дека „сѐ мора да се врти околу него“.