Волфсбург ја тестира баварската машина

Саботните натпревари од 24. коло во германската Бундес лига ќе поминат во знакот на дерби пресметката помеѓу се подобриот тим на Волфсбург кој што ќе се обиде да биде и повеќе од сериозна пречка за актуелниот шампион и лидер на првенствената табела, екипата на Баерн (М).

Предводникот на баварскиот гигант, Пеп Гвардиола, пред натпреварот изјави дека ова ќе биде одличен тест за неговите фудбалери кои не смееат во ниту еден момент да заборават дека ништо не е готово и дека е завршена борбата за шампионската титула во националниот шампионат.

Обврска да забележат триумф над секогаш незгодниот тим на Хофенхајм, имаат фудбалерите на Шалке кои во изминатите 10 дена ги одиграа најлошите два натпревари во актуелната сезона.

Тешко гостување во Хановер има моментално третопласитаниот тим на табелата, Баер од Леверкузен, а без право на кикс е тимот на Хамбургер кој што ќе се обиде да ја искористи предноста на домашниот терен во првенствента пресметка против екипата на Ајнтрахт од Франкфурт.

Денеска на програмата: Хановер – Леверкузен, Шалке – Хофенхајм, Волфсбург – Баерн (М), Хамбургер – Ајнтрахт , Борусија М. – Аугсбург, Штутгарт – Ббрауншвајг, Нирнберг – Вердер.