Спорт

Волфсбург најави атак на четвртата позиција

Волфсбург најави атак на четвртата позиција

Само четири погодоци беа постигнати на послените два натпревара од 21. коло во германската Бундес лига.

Дуелот во Берлин, помеѓу екипите на Херта и Волфсбург заврши со минимален триумф на гостинскиот тим од 2:1, а со освоените три бод, популарните „волци” ја потврдија веќе најавената констатација дека се во игра за четвртата позиција на табелата која ганатира настап во последното квалификациско коло од Лигата на шампиони.

Минимална, но злато вредна победа од 1:0, на тешкото гостување во Аугсбург, забележаа фудбалерите на Нирнберг кои грчевито се борат за опстанок во елитното друштво.