Спорт

Волфсбург повторно ќе патува во Италија, следен противник – Наполи

Волфсбург повторно ќе патува во Италија, следен противник – Наполи

Бранителот на титулата во Лига на Европа, екипата на Севиља ќе ги одмери силите против Зенит во 1/4 финалето.

Покрај овој двобој дерби на рундата ќе биде и германско-италијанската пресметка меѓу оваа сезона одличниот Волфсбург и составот на Наполи.

Фиорентина ќе патува во Киев против Динамо, додека Дњипро го дочекува Клуб Бриж во првиот дуел.

Првите натпревари во четвртфиналето се играат на 16-ти и 23-ти април, ждрепката за полуфиналето е 24-ти, а првите полуфинални мечеви се закажани за 7-ми и 14-ти мај. Финалето е на 27-ти мај во Варшава.

Овогодишниот шампион во ЛЕ ќе се пласира во Лигата на шампиони.

Лига на Европа, 1/4 финале

Севиља – Зенит
Дњипро – Клуб Бриж
Динамо Киев – Фиорентина
Волфсбург – Наполи