Волфсбург убедлив против Интер, одлична предност пред реваншите и за Наполи и Севиља

Екипите на Волфсбург, Наполи и Севиља обезбедија убедливи победи во првите мечеви од осминафиналето од Лига Европа.

Германскиот тим на домашен терен беше подобар со 3:1, иако нивната мрежа прва се затресе. Родриго Паласио по само шест минути игра му донесе предност од 1:0 на Интер.

Трагичар на мечот беше голманот на италијанскиот тим Карицо кој практично му ја подари победата на Волфсбург.

Во 28-та минута по ударот со глава на Налдо, голманот на Интер ја испушти топката од рацете, која заврши во неговата мрежа. Во 63-тата минута Карицо повторно прави катастрофална грешка, по што преку Де Брујн Волфсбург направи пресврт и дојде во водство.

Истиот играч во 76-тата минута од слободен удар погоди за конечни 3:1.



Резултати ЛЕ, осминафинале први мечеви:

Зенит – Торино 2:0

Бриж – Бешикташ 2:1

Дњипро – Ајакс 1:0

Волфсбург – Интер 3:1

Евертон – Динамо Киев 2:1

Фиорентина- Рома 1:1

Наполи – Динамо Москва 3:1

Виљареал – Севиља 1:3