Волк заклал 45 грла овци и јагниња во делчевско

Волк нападнал и заклал стадо овци, кои биле сопственост на сточарот Богдан Начевски, кој е од село Полето, недалеку од Делчево.

Заклани се 45 грла, од кои 15 овци и 30 јагниња, со што е уништено речиси половина од стадото на Богдановски.

– Не бевме во состојба ниту јас, ниту зет ми Кире, кој притекна на помош да го заштитиме стадото од крвожедниот волк. Нашето семејство егзистенцијата ја обезбедува од овчарство и затоа замолуваме за помош – апелира Начевски.

Нападот од волци на стадото на Богдан Начевски во Полето, не е единствен. Такви случаи во Делчевско се забележани и во други места, но по бројот на угинатите животни тој е најголем.