недела, 26 март 2017  |  Вести денес: 26

Волонтери изработуваат креативни графити на градинката „Мајски цвет“ во Карпош

Холандската фондација ,, Out of area’’ , денеска спроведе акција во градинката „Мајски цвет“. Целта на оваа акција беше волонтерите да ги избришат несоодветните графити на надворешните ѕидови на градинката, да се извршат поправки на оштетените ѕидови и да нацртаат нови креативни графити и слики.

SLIKA KREATIVNI GRAFITI

Последни вести

Холандската фондација ,, Out of area’’ , денеска спроведе акција во градинката „Мајски цвет“. Целта на оваа акција беше волонтерите да ги избришат несоодветните графити на надворешните ѕидови на градинката, да се извршат поправки на оштетените ѕидови и да нацртаат нови креативни графити и слики.

Учесниците во овој проект се средношколци и студенти, кои со своето волонтерство, од Холандија, придонесуваат во  општествено корисни акции. Предвидено е да се работи три дена, од 8:30 до 17:00.

Општина Карпош преку Oдделението за детска, здравствена и социјална заштита и помошник- раководителката Гордана Зафировска, му даде целосна поддршка на овој проект, со кој ќе се изврши разубавување на надворешниот фасаден лик на оваа градинка, а со тоа, пак, најмалите деца, ќе можат да престојуваат во поубав амбиент.

Најчитани вести