Волшебно дрво со 40 видови плодови!

Сем ван Акен од универзитетот Сиракјуз создаде неверојатно дрво на кое растат дури 40 вида плодови.

На гранките на ова преубаво дрво за време на летните месеци може да видите неколку видови сливи, кајсии, праски, нектарини, вишни и бадеми.

Ван Акен израснал на земјоделски имот, каде овоштарниците биле во лоша состојба, со дрвја стари и до 200 години, иако имале исклучително ретки и автохтони стари сорти кои повеќе не се одгледуваат.

Со цел да ги сочува истите, тој го откупил овоштарникот и една година се обидувал да накалеми разни видови овошје на едно дрво.

По пет макотрпни години, Сем успеал да израсне дрво кое раѓа 40 видови разно овошје.

Дрвото изгледа најобично, како и секое друго дрво.

Но кога ќе дојде пролетта, почнува да цвета во експлозија од бои и е вистински рај за очи.

Vocnjak_foto_2

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.