„Волстрит Џурнал“: ЕУ на источните партнери им нуди само солидарност и ништо повеќе

Лидерите на Европската унија ја укорија Русија поради „грубијанскиот однос“ кон нејзините западни соседи, но засега не даваат никакво ветување за евентуално членство во европското семејство на земји како Украина, Молдавија и Грузија, оценува американскиот весник „Волстрит Џурнал“, објави МИА.

На средбата на „Источното партнерство“ во Рига лидерите на ЕУ се соочија со деликатна задача како да ги натераат поранешните советски републики да ги спроведат реформите што би ги доближиле до Западот, без да имаат илузии за евентуално членство во Унијата, додава весникот, нагалсувајќи дека на овие земји Брисел им нуди само солидарност и ништо повеќе од тоа.

ЕУ го промовираше проектот „Источно партнерство“ во 2009 година со цел да ги подлабочи врските со поранешните советски републики Азербејџан, Белорусија, Грзуија, Ерменија, Молдавија и Украина. Во рамките на овој проект, ЕУ во 2014 година потпиша трговски и политички договори со Украина, Молдавија и Грузија, што предизвика незадоволство во Москва.

Унијата веќе подогло време е поделена околку перспективите за евентуално членство на нејзините источни соседи. Неколку држави, пред се од источна Европа, како Полска и балтичките републики, ја поддружваат идејата за членство на овие земји во ЕУ. Од друга страна, други членки на Унијата, меѓу кои и највлијателните западни држави, не се наклонети на оваа идеја. Дури и Европската комисија соопшти дека не планира ново поширување на ЕУ пред 2020 година, потсетува „Волстрит Џурнал“.

– Лидерите на ЕУ беа едногласни по само едно прашање – осуда на притисоците на Русија врз нејзините соседи, вклучително и на поддршката што Москва им ја дава на сепаратистите во источна Украина, заклучува американскиот весник

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.