„Волстрит Џурнал“: Кредиторите предложија продолжување на грчкиот план за спас до март 2016

Меѓународните кредитори на Грција минатата недела и предложиле на Атина продолжување на програмата за спас до крајот на март 2016 година, во замена за намалување на пензиите, зголемување на даноците и други политички мерки од страна на грчката Влада, тврди весникот „Волстрит Џурнал“.

Ваквото тврдење на американскиот весник доаѓа во време кога Атина денеска најави дека е подготвена на компромис со кредиторите околу грчкиот долг, пренесува МИА.

Актуелниот план за спас на Грција истакува до крајот на месецов, кого воедно доспева и рокот за отплата на грчкиот долг кон Меѓунардониот монетарен фонд.

Без договор со кредиторите, кој би овоможил исплата на последната транша од помошта, Грција би можела да ја загуби својата ликвидност.

Денеска и германската канцеларка АНгела Меркел порача дека „нема уште многу време“ за постигнување договор меѓу Грција и нејзините кредитори.

– Немаме многу време и затоа мора да работиме напорно. Сега се брои секој ден за да се сработи она што мора да се направи, изјави Меркел на завршната прес-конференција на Самитот на Г-7, што вчера и денеска се одржа во германскиот град Крин.

Меркел порача дека Атина мора да сфати оти „солидарноста на Европејците и Меѓународниот монетарен фонд бара Грција да преземе мерки и да даде предлози“.