„Волстрит Џурнал“: Русија ги зголемува безбедносните мерки од можен нуклеарен напад

напад

Американскиот весник наведува дека „руските власти ги зголемиле мерките за преживување во случај на нуклеарна војна при пресметка со Вашингтон, бришејќи ја прашината од плановите за цивилна заштита од советската ера и обновувајќи ги скривниците во најголемите градови“.

– Студената војна се врати во Министерството за вонредни ситуации во Кремљ. Земјата неодамна го одржа најголемите вежби за цивилна заштита уште од распадот на СССР, во кои, како што наведуваат претставниците, 40 милиони лица извршиле вежби за одговор на хемиска и нуклерна закана, пишува „Волстрит Џурнал“.

Весникот додава дека „паралелно со тоа, коментаторите од медиумите под државно влијание, упатуваат ужасни антиамерикански коментари, какви што не се слушнати со години“.

– На Русија и е доста од арогантните лаги на Америка, ги пренесува зборовите на „влијателниот коментатор Дмитриј Кисељов“, искажани овој месец по пропаѓањето на сирискиот мировен план.

Шефот на рускиот „Левада Центар“ за истражување на јавното мислење, Лев Гудков, за „Волстрит Џурнал“ вели дека „заканата со нуклерна војна исто така праваи полесно да се влијае врз жителите со цел тие да не бидат критички настроени кон власта“.

– Поголем дел од луѓето веруваат дека Третата светска војна веќе е почната, но сега се уште сме во студената фаза на војната, која може, а и не мора, да се претвори во огнена војна. А за време на војната морате да ја поддржувате власта во вашата земја, наведе Гудков.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.