Volvo го гасне производството на автомобили на фосилни горива

Шведскиот производител на автомобили „Volvo Cars“ објави во средата дека до 2019 година постепено ќе го згасне производството на автомобили на фосилни горива, како и дека сите нови нови модели ќе бидат на електричен или на хибриден погон.

Во периодот од 2019 до 2021 година оваа шведска компанија којашто всушност е сопственост на кинеската „Geely“ на пазарот ќе понуди пет модели електрични автомобили, три под сопствениот бренд и два под брендот „Pleestar“, како и низа модели на хибриден погон.

„Најавата означува крај на периодот на автомобилите кои користеа исклучиво мотори со внатрешно согорување“, истакна во писмена изјави претседателот на управата из извршниот директор на „Volvo“, Хакан Самуелсон.

Компанијата и натаму ќе ги произведува постојните модели кои како гориво користат исклучиво бензин или дизел, а се лансирани пред 2019 година, и дополнително постепено ќе ги заменува за хибридните или електрични модели, соопшти портпаролот на „Volvo“.

Во мајското интервју за германскиот весник Frankfurter Allgemeine Zeitung, Самуелсон рече дека не сака да развива нова генерација дизел мотори поради високите трошоци за заострената регулатива.

Компанијата има цел до 2025 година да продава милион електрични автомобили годишно, а се надеваат дека во тој период и нивното производство ќе биде „климатски неутрално“.

Кинеската групација „ Zhejiang Geely Holding“ го купи „Volvo Cars“ од „Ford Motors“ во 2010 година за околу 1,3 милијарди американски долари. Денес автомобилите на шведската компанија се продаваат на повеќе до сто пазари низ мрежата од околу две илјади овластени дистрибутери.