Вонреден самит на лидерите на еврозоната за Грција

Во Брисел денеска ќе биде одржан вонреден самит на лидерите на еврозоната за Грција, откако Грците на референдумот рекоа „не“ на мерките за штедење, кои од нив ги бараа кредиторите.

Самитот го свика претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, а негово одржување иницираа францускиот претседател Франсоа Оланд и германската канцеларка Ангела Меркел. Резултатите од грчкиот референдум мора да се прифатат, се согласија Оланд и Меркел.

Во вчерашното соопштение на Еврогрупата се наведува дека министрите за финансии очекуваат на денешниот состанок да добијат нови реформски предлози од грчката Влада, а шефот на Еврогрупата Јерун Дејселблум оцени дека исходото од референдумот ги отежнал преговорите на Атина со кредиторите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.