Вонреден состанок на членките на ЕУ за Северен Ирак

Во Брисел денеска е закажан вонреден состанок на државите-членки на Европската Унија (ЕУ) на кој ќе се разгледуваат можностите за помош на Владата на Ирак во борбата против припадниците на Исламската држава.

Состанокот е одговор на барањето на италијанскиот и францускиот министри за надворешни работи, Федерике Могерини и Лорен Фабијус.

„Заедно со нашите европски партнери ќе ги разгледаме наефикасните начини за сопирање на напредувањето на екстремистите од групата Исламска држава“, изјави Могерини.

Според нејзините зборови, не се работи за воена интервенција, туку за поддршка на курдската влада, влкучително и војната.

Фабијус пак, по враќањето од Ирак, побара состанок на кој ќе се разговара за ситуацијата во северниот дел на Ирак.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.