четврток, 30 март 2017  |  Вести денес: 53

Вонреден министерски состанок по нападите во Париз

brisel_znaminja

Поврзани вести

Министрите за внатрешни работи на земјите-членки на Европката унија ќе се состанат в петок на 20 ноември, во Брисел на вонреден состанок.

На состанокот ќе се разговара за безбедносните предизвици по нападите во Париз, соопшти Луксембург, кој е актуелниот претседавач со ЕУ.

Соочени со варваризмот и тероризмот, Европа мора да биде обединета со Франција, изјави министерот за внатрешна безбедност на Луксембург, Етјен Шнејдер.

Во писмената изјава Шнејдер додаде дека одлуката за одржување на вонреден состанок на министрите за внатрешни работи и правда на ЕУ е донесена во договор со француските власти.

Шнејдер синоќа во Париз се состана со францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев и еврокомесарот за миграции Димитис Аврамопулос.

Целта на состанокот в петок е да се обезбеди силен и обединет одговор на Европа.

Најчитани вести