вторник, 23 мај 2017  |  Вести денес: 45

Вонреден состанок во ЕУ за безбедносните предизвици

brisel_znaminja

Поврзани вести

Вонреден состанок на министрите за внатрешни работи на државите членки на ЕУ ќе се одржи денеска во Брисел. На состанокот ќе се разговара за безбедносните предизвици по нападите во Париз.

Соочени со варваризам и тероризам, Европа мора да биде обединета со Франција, изјави Етјен Шнејдер, министер за внатрешни работи на Луксембург.

Во соопштение се вели дека одлуката за одржување на вонредниот состанок е донесена во договор со француските власти. Цел на состанокот е да се обезбеди „силен и обединет одговор на Европа“, се додава во соопштението.

Дел од медиумите веќе пишуваат дека Франција ќе побара суспензија на шенгенскиот систем, повеќе за ова на следниот линк.

Најчитани вести