Македонија

Вонредна прогноза: Силно невреме во Скопје

Вонредна прогноза: Силно невреме во Скопје

Нестабилно време проследено со пороен дожд, ветер и грмежи се очекува утре во Македонија.

Се очекува да наврнат и до 20 литри на метар квадратен. Ќе дува силен ветер и невремето ќе биде проследено со грмежи.

 

Во петок и в сабота ќе биде топло и ветровито со умерен до засилен југозападен ветер, кој ќе биде најизразен на повисоките места и на планините. Услови за врнежи од дожд ќе има во сабота вечер и во понеделник.