Вонредна седница на британската Влада поради поплавите во Англија

Вонредна седница на британската Влада поради поплавите во Англија
Вонредна седница на британската Влада поради поплавите во Англија

Британскиот премиер Дејвид Камерон претседаваше денеска со вонредната седница на Владата, посветена на реакцијата на властите на поплавите во северна Англија, за кои истакна дека се без преседан.

 Штотуку претседавав со седница на комитетот КОБРА, посветена на поплавите без преседан. Огромна благодарност до службите за итна реакција и до вооружените сили за големата работа која ја завршија, напиша Камерон на Твитер.

Се очекува подоцна денеска тој да ги посети најтешко погодените области.

Поројните дождови што изминативе денови ја зафатија северна Англија предизвикаа излевање на реките и поплави во повеќе области и населни места. Британската полиција соопшти дека ова се најголеми поплави во областа Јоркшир во последниве 70 години.