Вонредна седница на НАТО околу Сирија

По барање на Турција денеска ќе биде одржана вонредна седница на НАТО околу Сирија.

Турција побара состанок на НАТО околу Сирија повикувајќи се на точка четири од Атлантската повелба што се активира кога некоја членка пријави дека е загрозена.

Анкара на тој потег се одлучи откако воената авијација почна со воздушни удари врз позиции на Исламска држава и курдски бунтовници во соседна Сирија. Во соопштението на НАТО се вели дека Алијансата „многу внимателно ќе ги следи случувањата и ќе биде солидарна со Турција“.

 

Турција удри врз Исламска држава

Турција во петокот ја нападна Исламска држава. Воени авиони извршиле бомбардирања врз цели на џихадистичката група на територијата на Сирија.

Телевизијата ТРТ објави дека четири борбени летата, полетале од базата Дијарбекир, во југоисточна Турција, и извршиле ракетен напад врз сириското село Хавар, кое се наоѓа непосредно до граничната линија со турската провинција Килис.

Кабинетот на премиерот на Турција, Ахмет Давутоглу, испратил соопштение до јавноста во кое е наведено дека авиони од типот Ф-16 во петокот утрината бомбардирале три локации на Исламска држава во северна Сирија.

Оваа акција на турската армија се случуваше по нападите на џихадистите на позиции на војската на Турција долж границата.

Уапсени 1.050 милитанти во Турција

Во операција спроведена од петокот уапсени се 1.050 милитанти во Турцијамеѓу кои и припадници на Исламска држава, Курдската работничка партија (ПКК) и ултра левата партија DHKP-C.

Меѓу уапсените милитанти во Турција има и 50 до 60 странски државјани, изјавил турскиот премиер Ахмет Давутоглу.

Голема антитерористичка акција во Истанбул и Анкара

Во  антитерористичката акција во Турција уапсено 251 лице. Операцијата е изведена во 13 турски окрузи против терористичките организации „Исламска држава“ и Курдска работничка партија.

Во антитерористичка акција во Анкара уапсени 15 лица поврзани со ИД.

Акцијата на турските безбедносни служби беше насочена против членови на екстремистичката група Исламска држава.

На оваа акција во која се уапсени 15 лица поради поврзаност со ИД во Анкара изминативе неколку дена и претходеа неколку воздушни и артилериски напади врз позиции на ИД во пограничните подрачја со Сирија.

 

 

Исламка држава се смета за одговорна за нападот кој беше извршен овој месец во турскиот град Суруч, при што загинаа 32 лица, а најмалку 10 беа ранети.