Вонредна ситуација во Крагуевац, евакуирани 48 лица

Невреме проследено со силен дожд и град го погоди синоќа Крагуевац. За час и половина наврнале 50 литри дожд на квадратен метар. Силината на ветерот изнесувала 60 км на час. Штабот за вонредни ситуации со кој претседава градоначалникот Верољуб Стевановиќ синоќа во 20 часот прогласи вонредна ситуација на територијата на Крагуевац.

Евакуирани се 48 лица.Има поплавени индустриски и приватни куќи.

„Најголема штета има на инфраструктурата и голем број на станбени објекти каде што водата достигнала и до еден метар,“ изјавил заменик командантот на штабот Зоран Јовановиќ.

Дел од погонот „Застава оружје“ е под вода и е прекината работата на третата смена. Поплавени се и подрумите на Клиничкиот центар, Брза помош и градски училишта и градинки.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.