Вонредна состојба и во Хрватска долж реката Сава

Вонредна состојба е прогласена и на подрачјето на Бродско – посавската жупанија во Хрватска, поради постојаното зголемувае на водостојот на реката Сава кај Славонски Шамац.

На удар на водениот бран на Сава се најде Славонски Брод каде денеска исто така се очекува прогласување вонредна ситуација, јавуваат хрватски медиуми.

Водостојот на реката Сава утрово беше 905 сантиметри што е за 20 сантиметри повеќе од досега највисокото ниво.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.