среда, 26 јули 2017  |  Вести денес: 46

Вонредна состојба и на аеродром во Лајпциг: Пронајден е сомнителен багаж

Во багажот се откриени сомнителни и опасни предмети по што мажот е уапсен.

Поврзани вести

Неколку часа по терористичките напади во Брисел вонредна состојба е прогласена и на аеродромот во Лајпциг каде што е затворен еден од терминалите за заминување.

Антитерористичката тревога е прогласена откако сомнителен багаж е пронајден на контролата на рачниот багаж.

Според федералната полиција сопственик на сомнителниот багаж е маж кој што сакал да ја помине контролата во 12 часот и 15 минути. Во багажот се откриени сомнителни и опасни предмети по што мажот е уапсен.

Тој тврдел дека не знае што има во неговиот багаж, а полицијата не го открива неговиот идентитет. Веднаш по инцидентот целиот терминал каде што е најден опасниот багаж е затворен.

Најчитани вести