Вонредна состојба на Кефалонија

Училиштата денеска се затворени и прогласена е вонредна состојба на Кефалонија по земјотресот кој што го погоди овој грчки остров.

Стотина жители ноќта ја поминале во своите автомобили по земјотресот чиј епицентар бил недалеу од градот Ликсур на западната страна на островот, по кој што дошле неколку потреси од кои најсилниот бил 5,2 степени по Рихтер.

Земјотресите се честа појава во Грција. Кефалонија и најблискиот остров Закинтос биле уништени во земјотрес од 7,2 степени во 1953-та година.