Вонредна состојба во Бангкок

Тајландските власти најави дека ќе воведат вонредна состојба во Бангкок и околината, каде повеќе од два месеци се одржуваат антивладини протести.

Со тоа на властите им се даваат поголеми овластувања, иако тие ветиле дека нема насилно да ги окончаат антивладините протести, во кои што повеќе од два месеци се бара смена на власта. 

„Нема да користиме сила. Немаме политика за неутрализирање на демонстрантите, и засега не најавивме полициски час“, рекол Шалерм Јубамрунг, министер за труд кој е именуван да го следи спроведувањето на вонредната состојба.