Вонредна состојба во Хондурас поради вирусот Зика

Вонредна состојба во Хондурас поради вирусот Зика
Вонредна состојба во Хондурас поради вирусот Зика

Хондурас денеска прогласи вонредна состојба, откако властите соопштија дека бројот на заразените со вирусот зика достигнал алармантно ниво.

Од првиот случај на 16 декември, виурсот е регистриран кај уште 3.649 луѓе, изјави министерот за здравство Јолани Батрес и додаде дека бројот на заразените со зика тројно се зголеми изминатите три денови.

Батрес не спомна ниту еден случај на новороденче родено со микроцефалија, односно абнормално мала глава.

– Бројот на заразените алармантно расте секој ден, изјави Батрес.

Вирусот зика предизвикува симптови слични на грип и осип и е мошне благ, така што останува незабележан во 70 до 80 отсто од случаите.