Вонредна состојба во Луганск, мобилизација на сите воено способни!

Во Луганск денеска е прогласена вонредна состојба и објавена општа мобилизација за мажи од 18 до 45 години. Регионот останува во состојба на подготвеност поради инвазијата од широки размери на воените единици во Киев, соопштила прес службата на самопрогласената Луганска Народна Република.

Во соопштението на прес службата се вели дека се во тек вооружените судири на силите на украинската национална гарда и луганските сили во близина на неколку градови, пренела руската новинска агенција Итар-Тас.

Извор од регионалното министерство за внатрешни работи во Интервју за Итар-Тас, претходно рекол дека вооружените борби се водат во близина на градовите Рубежној и Лисичанск.

Во судирите има и ранети луѓе од страната на луганските сили, рекол тој, но не прецизирал колкав број.

Лугански воен извор доцна синоќа рекол дека прокиевските сили презел офанзива од широки размери во тој регион.