Вонредна состојба во Сана поради колерата која усмрти 112 луѓе

Photo by Reuters

Властите во јеменската покраина Сана, којашто е под контрола на силите на побунетото шиитско племе Хути, прогласија вонредна состојба поради епидемијата од колера и упатија повик за меѓународна помош.

Регистрираните случаи колера го надминуваат „вообичаениот просек“, и здравствениот систем во Сана „не е во состојба да ја запре оваа катастрофа“, објави ноќта кон понеделникот министерството за здравство на администрацијата којашто ја формираа бунтовниците и нивните сојузници јеменските војници лојални на соборениот во 2012 година претседател Али Абдула Салех.

Овој одел утрово објави соопштение, коешто го пренесе агенцијата Saba под контрола на Хутите, со повик за помош до меѓународните организации за запирање на епидемијата.

Од својата страна, бунтовничкиот министер за здравство Хафид Бен Салем Мухамед, изјави дека „размерот на болеста ги надминува капацитетите“ на неговите служби, во изјава за телевизијата al-Masira, исто така, блиска на Хутите.

Меѓународниот комитет на Црвениот крст утврди во неделата дека колерата се проширила во Јемен и регистрирал 115 смртни случаи во последните две седмици во оваа земја којашто две години е разорувана од војна.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.