недела, 27 ноември 2016  |  Вести денес: 0

Вонредна состојба во Северна Каролина

Речиси половина од 21 жртва на ураганот во САД се во Северна Каролина, каде пет лица, исто така, се водат како исчезнати.

poplava-severna-karolina-640x480

Последни вести

Американскиот претседател Барак Обама прогласи вонредна состојба во Северна Каролина поради катастрофата која ја предизвика ураганот „Метју“, соопшти Белата куќа.

Согласно оваа мерка, граѓаните кои се погодени од ураганот во 10 окрузи на Северна Каролина ќе можат да побараат државна финансиска помош, се наведува во соопштението.

Речиси половина од 21 жртва на ураганот во САД се во Северна Каролина, каде пет лица, исто така, се водат како исчезнати.

Околу 2.000 жители на градот Ламбертон се блокирани во своите домови или бараат помош од покривите на куќите поради ненадејните поплави, предизвикани од надојдената вода на реката Ламбер. И во следните неколку дена се очекуваат поплави во населените места по течението на реките Ламбер, Кејп Фиер, Њус и Тар.

Без електрична енергија и понатаму се околу 1,1 милион луѓе во државите Флорида, Џорџија, Вирџинија, Северна и Јужна Каролина.

Најчитани вести