Вонредна средба во Советот на ЕУ за построги санкции кон Русија

Шефовите на дипломатијата од 28 земји членки на ЕУ ќе се состанат денес во Брисел со цел да го разгледаат заострувањето на санкциите кон Русија поради поддршката за проруските сили в о Украина.

Се очекува дека на вонредниот состанок новиот министер за надворешни работи на Грција Никос Коцијас ќе се спротивстави на било какви нови казнени мерки против Русија, имајќи во предвид дека Грција се огради од соопштението на Советот на ЕУ.

Советот на ЕУ во соопштението од пред два дена гја осуди Русија за војната и материјалната поддршка за проруските активисти, кои беа обвинети за смртта на 30 цивили во Маријупољ и се заканија со поостри санкции.

Сепак, новата грчка влада се огради од тоа соопѓтение, тврдејќи дека не била консултирана и дека не стои зад

Со оглед на недостатокот на неопходниот консензус, министрите денеска нема да донесат одлука за воведувањето на поостри санкции, туку тоа ќе им биде препуштено на шефовите на држави и влади кои кон средината на следниот месец ќе се соберат на неформален состанок во Брисел. На тој самит за прв пат во својство на премиер на Грција ќе присуствува и Ципрас.