Вонредно прскање против комарци во попавените подрачја

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 27.08.2016 година, сабота, во периодот од 23 до 02 часот по полноќ ќе се спроведе вонредна терестрична (од земја) дезинсекција против комарци на територијата зафатена со поплавата што се случи на 6 август годинава, односно во населените места Смилковци, Сингелиќ, Стајковци, Економија, Арачиново, Брњарци, Инџиково, Црешево, Виниче, Камник и Ченто.

Градот Скопје ќе ја изврши вонредната терестрична дезинсекција постапувајки по барањето од Министерството за здравство, а во согласност со заклучокот од 59-та седница на Владата на Република Македонија.