ВОНРЕДНО СООПШТЕНИЕ: Апел за евакуација до граѓаните

Со сигурност се знае дека поради зголемување на нивото на водата кое уследи по обилните врнежи и засиленото топење на снеговите од повисоките места ќе дојде до излевање на реката Брегалница како и на повеќе речни текови од истиот регион.

Утврдени се повеќе критични населени точки по течението на реката Брегалница и тоа Истибања, Виница, Чешиново Облешево, Кочани, Карбинци, Штип и околината на Штип. Се очекува излевање на водата од браната Калиманци околу 16.30 часот, и на речното корито на Брегалница во пределот на Штип во периодот од 20 до 21 часот.

Се апелира до населението од овие споменати места да направат евакуација на имотите, во приземјата и ниските предели на своите домови, евакуација на децата, вредните предмети и животните.

Се апелира до месното население од овие региони на масовно ангажирање и излегувањеод домовите и да се приклучат во активностите на терен кои се превземаат од надлежните, министерството за одбрана, полицијата, ЦУК, ДЗС, општините и месните заедници.