Вонвременска уметност- 7 најславни уметнички слики на сите времиња

Колекционерите трошат по милиони долари годишно, сакајќи да поседуваат некои од најпознатите дела на сите времиња.

Сликите биле една од првите работи во уметноста, креирани од човекот. Денес тие се најскапиот облик на уметноста и се сметаат како најдобар облик на инвестирање пари.

1. Мона Лиза – Леонардо Да Винчи

Foto ProfimediaFoto Profimedia

Мистериозната насмевка на непознатата дама е една од најзначајните слики на сите времиња. Леонардо Да Виччи ја работел оваа слика повеќе од 20 години. Изложена е во Лувр, во Париз. 2. Тајната вечера – Леонардо Да винчи

Foto ProfimediaFoto Profimedia

Ѕидната слка, или муралот кој го украсува ѕидот во просторијата за ручање во манастирот Санта Марија деле Грација во Милано е ремек дело од 15 век. Таа прикажува сцена на последната вечара на која Исус најавува дека еден од неговите ученици ќе го издаде.

3. Создавањето на Адам – Микеланџело

Foto ProfimediaFoto Profimedia

Едно од најпознатите дела од периодот на ренесансата и една од најславните слики е оваа која ја создал Микеланџело. Фреската прикажува сцена како Бог му дарува живот на Адам. Оваа слика е цртана околу 4 години. 4. Девојката со бидерни обетки- Јоханес Вермер

Foto ProfimediaFoto Profimedia

Често ја викаат и холандската Мона Лиза“ или „Мона Лиза од северот“. Се претпоставува дека е  создадена некаде околу 1665 година. Делото е прекрасен приказ на барокниот стил на сликање и употреба на светлината. 5. Врисок- Едвард Мунк

Foto ProfimediaFoto Profimedia

„Врисок“ претставува слика на фигура коа вреска, со крваво црвено небо во позадина. Оваа слика ја прикажува тегобата и болката на современиот животи култура и  е едно од најглемите ремек дела на 20-от век. 6. „Водените лијлани – Моне

Foto ProfimediaFoto Profimedia

Се смета за ремек дело на францускиот импресионизам. 7. Раѓањето на Венера- Ботичели 

Foto ProfimediaFoto Profimedia

Делото на Сандро Ботичели е создадено некаде помеѓу 1485 до 1487 година. Покажува сцена на раѓањето на божицата Венера, позната како Афродите во грчката митологија.

Овие слики се изложени во музеи и веројатно никогаш нема да им бидат продадени на колекционери. Не затоа што буквално се непроценливи, туку затоа што такви уметнички дела треба да останат достапни за јавноста.