Вообичаени грешки во бизнис модата што не сте свесни дека ги правите

Исто така, патиките треба да ги резервирате само за вежбалната. Ако мора да носите ортопедски чевли затоа што пешачите, или пак ако носите чизми за дожд или снег, добро е да понесете резервен пар чевли и да ги промените на работното место. Уште подобро, би можеле да чувате еден ваков пар резервни чевли под бирото, што ќе ви бидат од помош во зимските месеци.

  1. Не претерувајте со животинските дезени

Едно од најдобрите правила, што треба да ги запомните е дека ако некое парче облека го носите во дискотека, тогаш немојте да го носите на работното место. Кога станува збор за животинските принтови, треба да запомните дека една блуза со животински принт е во ред, но да се облечете целосно во животниски принт е нешто што можете да си го дозволите кога одите во дискотека.

  1. Не дозволувајте кодексот на облекување да ви го убие стилот

Кога сте нова во бизнис светот, може да ви се случи да купите еден куп здодевни парчиња наменети само за на работа. Како и да е, кога ќе направите една ретроспектива на тоа што сте го носеле во минатото, ќе сфатите дека овие здодевни парчиња облека ви го убиле стилот.

Ова не мора да биде така! Постојат голем број интересни парчиња облека што се пригодни за работа, а што ќе ви помогнат да изгледате повпечатливо, поудобно и да го изразите сопствениот стил – само ви треба време да ги пронајдете!